Економија, финансии, бизнис

Контакт

Царина: Плус 11 милиони евра од увоз на тутун, запленети над милион цигари во акции против шверц

Царина: Плус 11 милиони евра од увоз на тутун, запленети над милион цигари во акции против шверц

Приходите од увоз на тутун и тутунски производи во првото тримесечје годинава се зголемени за 11 милиони евра споредено со истиот период лани, со што во Буџетот се слеале вкупно 2,14 милијарди денари, односно 34,7 милиони евра.

Паралелно со растот на наплатата, Царинската управа спровела и засилени контроли, при што во осум случаи биле спречени обиди за шверц. Во акциите се запленети над еден милион цигари и 225,6 килограми тутунски производи, меѓу кои сецкан тутун, тутун за наргиле и никотински ќесички.

Во четири случаи е поведена предистражна постапка, а поднесени се кривични пријави против четири физички и едно правно лице.

Од Царинската управа велат дека акциите имаат двојна цел – заштита на буџетските приходи и спречување на нелегалната трговија со тутунски производи.

-Нашата цел е да создадеме систем во кој законот важи подеднакво за сите и каде чесното работење е предност, а не исклучок – изјави директорот Бобан Николовски.

Тој додаде дека институцијата треба да се насочи кон превенција, односно навремено откривање и спречување на неправилностите, наместо реакција по нивното појавување.

Податоците беа објавени по повод 34-годишнината од постоењето на Царинската управа.


Слично

Поврзани вести