Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦАР ДУШАН: Не се знае ниту кој го постави, ниту кој го поправи

ЦАР ДУШАН: Не се знае ниту кој го постави, ниту кој го поправи
Општина Центар, Град Скопје, Министерство за култура - сите демантираат дека стојат зад поправката на споменикот на Цар Душан во центарот на Скопје. Споменикот беше оштетен минатата година од група од 20-тина лица кои протестираа заради неговото поставување, а пред два дена се појави обновен повторно со жезло и крст во раката. Од невладината „Разбуди се“ бараат итно да се најде кој го поправил споменикот, кој според нив е поставен само за да ги провоцира меѓуетничките и меѓуверските односи. „И поставувањето, и поправката, се искрадоа далеку од очите на јавноста, но камерите поставени на местото каде што е поставен споменикот сигурно ги снимиле сите активности околу споменикот. Продолжувањето на поставување на спорни споменици, без вољата на граѓаните, е во спротивност и со многуте најави на меѓународните претставници од САД и ЕУ за чуствитетлноста на меѓуетничките односи во земјава“, порачуваат од „Разбуди се“. Од Здружението велат дека е нејасно како може да не се знае и кој го поставил и кој го поправил споменикот кога надзорните камери на ова место мора да ги снимиле сите активности. Притоа, го потсетуваат градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, кој изјави дека споменикот е дивоградба, дека треба да постапи за негово отстранување. Лани споменикот го демолираше група од 20-тина лица, предводена од претседателот на чаирскиот огранок на ДУИ Бекир Асани, додека настанот го следеа неколку високи функционери од партијата на Ахмети. Целиот настан беше регистриран и со видео-снимка, но пријави не се поднесени.
Слично

Поврзани вести