Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цар Душан, Аминта и Пердика се вишок на мостот „Око“?

Цар Душан, Аминта и Пердика се вишок на мостот „Око“?
Спомениците на Цар Душан, Аминта Трети и Пердика на мостот „Око“ се поставени нелегално, утврдила Комисијата што ја формираше градоначалникот на Центар Андреј Жерновски. Општината денеска треба да излезе со информации што ќе преземе во врска со спомениците кои ги нема во одобрениот план за мостот. Жерновски ја формираше Комисијата откако во јавноста се појавија реакции за споменикот на Цар Душан, а ниту една институција не ја прифати одговорноста за неговото поставување. Притоа, тој нагласи дека за сите споменици поставени без одобрение ќе се испрати служба што ќе треба да ги отстрани.
Слично

Поврзани вести