Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цаноски најде инвеститор за повторна изградба на „Космос“

Цаноски најде инвеститор за повторна изградба на „Космос“

Бизнисменот Фијат Цаноски пронајде инвеститор за повторна изградба на станбено-деловниот комплекс „Космос“. За „Фактор“ вели дека нема негови расположливи финансиски средства за оваа скапа инвестиција, но дека договорил партнер од Источна Европа кој ги има за повторно да никне градбата која беше срушена од политички мотиви во 2011, односно неколку недели по победата на ВМРО-ДПМНЕ на параментарните избори.

- Проектот ќе се гради по идентична замисла како првиот објект кој беше урнат. Јас немам пари, бидејќи се работи за повеќемилионски проект, но партнерот со кој се договорив ги има средствата. Можам да кажам дека ќе биде сосема ист, од подземните гаражи па се до самиот кров. Ќе се гради и оној фамозен метар и половина повеќе од дозволената висина за кој наводно немало дозвола и за истото беше поставен динамит. Ќе се исправи неправдата и ќе се види дека е дозволено да се изгради до таа висина - изјави Цаноски.

Во однос на неговите тужби и евентуалното обештетување, вели дека многу работи ќе зависат од тоа како се одвива судскиот процес во случајот на СЈО под името „ТНТ“.

- Процесот е се уште во тек и се ќе зависи какви пресуди ќе се донесат, па според тоа и јас ќе имам некаква претстава за евентуална оштета. Најважно сега е тоа што постои партнер кој сака да инвестира. Мојот дел од инвестициите ќе биде тоа што ќе му го отстапам земјиштето, инфраструктурата и другата логистичка поддршка, а се другото е негова обврска - истакна бизнисменот.

Самиот комплекс, според проектот, требаше да биде седумнаесеткатница, поделена на пет ламели, и помалата зграда, која ќе била поставена полукружно. Двете згради заедно требало да имаат околу 560 стана. Изградбата на комплексот беше предвидено да чини на околу 30 милиони евра. На долните катови од големата зграда предвидени беа деловни простории и шопинг - центар, а на последниот кат беше предвиден луксузен ротирачки ресторан со површина од 1.500.до 2.000 квадратни метри од кој ќе можеше да се гледа целата панорама на Скопје. Во средишниот дел на овој последен кат планирано било да се сместат и фитнес - центар, базен и сауна за рекреација на станарите. Беше предвидена и детска градинка. Меѓу двете згради, кои требаше да се оддалечени 120 метри, превиден бил парк и шеталиште. Паркирањето било решено со две подземни гаражи од по два ката под подрумите на зградите, а странично од комплексот била предвидена и гаража на два ката со околу 562 паркинг-места.

Сопственикот на градежната компанија ФИНЕ вторпат стави камен-темелник на станбено-деловниот комплекс наречен Космос во 2012, но истата не започна.

Три и пол години по решението за рушење на станбениот комплекс на истото било препорачано дека објектот треба да се сруши за три дена, а тогаш му станало јасно на Цаноски дека станува збор за политичка одлука. Тогаш тој рече дека имал и средба со тогашниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, и му  пизнал дека наредбата за рушење е дојдена од „горе“. 

- На самата анкетна комисија, што се одржа во македонското собрание, се виде дека токму надлежните, конкретно инспекторката, немаше одговори на многу прашања.Одговараше, збунето, непрецизно,и со многу нелогичности во одговорите. Тие не знаеја како да го одбранат она што го направија, коментираше тогаш Цаноски.

A.K.

Слично

Поврзани вести