Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бутарис: Разочаран сум што 25 години не преземање ништо нe не натераа да размислуваме поинаку

Бутарис: Разочаран сум што 25 години не преземање ништо нe не натераа да размислуваме поинаку

Солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис изјави дека сфаќањето дека Македонија е само грчка и ништо повеќе од тоа е мошне лошо.

Тој за грчката агенција АНА-МПА, како што пренесува МИА, вели дека кога се пристапува кон решавање на одреден проблем, потребно е да се земат предвид сите вклучени страни во спорот.

Во врска со протестот во Солун против користење на терминот Македонија во решението за името, што се одржа во неделата, и во кој учество земаа околу 90.000 лица, Бутарис смета дека таа појава воопшто не им помогнала на преговорите и не го решила проблемот.

„Несомнено митингот беше грандиозен и впечатлив. Разочаран сум што 25 години не преземање ништо нѐ не натераа да размислуваме поинаку“ - рече Бутарис. 

Кажа дека протестот го гледал на телевизија. 

„Не е во прашање само името. Доколку во Уставот на соседите и натаму има иредентистички тенденции, прашањето нема да се промени“- додаде Бутарис. 

Тој и претходно се изјасни дека е против протести за спорот за името. 

Слично

Поврзани вести