Економија, финансии, бизнис

Контакт

Солунскиот градоначалник во Скопје порачува – политичарите да го слушнат гласот на народот

Солунскиот градоначалник во Скопје порачува – политичарите да го слушнат гласот на народот
Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис заедно со бизнис делегацијата од својот град допатува во Скопје за да ја интензивира соработката меѓу двата града. Не го бендиса новиот изглед на Скопје, објаснувајчи дека има премногу статуи на едно место. Но тоа сепак е ваш избор, се обрати тој кон домаќините. Бутарис кој има корени од крушево, истакна дека најголем проблем во Солун е невработеноста меќу младите и сите сили се насочуваат кон негово решавање. Во однос на обвинувањата дека неговата држава Грција го спречува влезот на Македонија во ЕУ, вели дека соработката меѓу Скопје и Солун може поволно да влијае и на политичката клима. „Јас не се занимавам со надворешна политика. Грција не е таа што забранува, но Европската Унија е таа што одлучува. Соседните држави треба да живеат меѓусебно. Овие меѓусебни средби меѓу мене и градоначалникот на Скопје се ставање малку вода во виното, бидејќи вака не се пие. Паметните политичари треба да го слушаат гласот на народот. Улогата на градоначалниците е да воспостават добри односи“, истакна солунскиот градоначалник коиј се сретна со скопскиот колега Коце Трајановски. За Трајановски, иако Грција е еден од првите трговски партнери на Македонија постои простор за голем напредок во соработката. Скопје се гради и продолжува да се гради истакна тој и ги повика грчките компании на соработка во оваа област. „На средбата зборувавме за продлабочување на соработката во областа на бизнисот, локалниот економски развој, образованието, културата и туризмот. Договорено е да се формира комитет составен од стручни лица кои ќе работат на зголемување и продлабочување на соработката помеѓу двата града“, рече Трајановски.
Слично

Поврзани вести