Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бутарис: Моја најголема грешка е што се вмешав во спорот за името

Бутарис: Моја најголема грешка е што се вмешав во спорот за името

Јанис Бутарис откако објави дека повеќе нема да се кандидира за градоначалник на Солун пред грчките новинари изјави дека негова најголема грешка како политичар била тоа што се вмешал во решавањето на македонско-грчкиот спор за името.

Грците го перцепираат либералниот градоначалник како пријател на Македонија а неговиот став во решевањето на името беше позитивен. Тој е градоначалник на вториот по големина град во Грција од 2010, но објави дека во 2019-та нема да се кандидира за трет мандат.

- Ме ставија во погрешек контекст во време кога имаше демонстрации и наплив на патриотски чувства. Се разбира, имаше и трагична дезинформација. Тие ме обвинија како јас да го потпишав договорот од Преспа ", рече 76-годишникот, кој за себе рече дека одамна требало да оди во пензија.

Бутарис, се здоби со повреди на главата, грбот и нозете откако во мај беше нападнат во со шишиња и клоци во главата и телото за време на комеморацијата во Солун по повод одбележување на генецидот врз Пондите.

Бутарис беше нападнат од група екстремисти, а како еден од мотивите бил и неговиот позитивен став кон Спогодбата од Преспа.


Слично

Поврзани вести