БУРНО ВО ГРЦИЈА: Полицијата ги смирува со солзавец демонстрантите
Грчките медиуми пренесуваат дека полицијата употребила солзавец за да ги спречи демонстрантите да се качат по скалите пред парламентот.
Пред Парламентот во Атина на протест против договорот за името на Македонија се протестира и денеска а протестот почна на плоштадот Синтагма.
Демонстрантите носеле знамиња на Грција и знамиња со ѕвездата Вергина.
Организаторите повикаа на нов протест утре во Преспа, каде што треба да биде потпишан договорот меѓу Македонија и Грција, јавија дел од медиумите.
Слично
