Економија, финансии, бизнис

Контакт

Буревски е слободен стрелец во барањето оставка од Заев

Буревски е слободен стрелец во барањето оставка од Заев
Членови на иницијативниот одбор на поддржувачите на Бранко Црвенковски велат дека тие, ниту бараат оставка на Заев, ниту пак таквиот иницијативе одбор функционира. Тие се огласија со демант на изјавата на Наум Буревски за тоа дека овој одбор бара оставка од Зоран Заев. „Во врска со објавената информација на некои медиуми како и пренесената изјава на Наум Буревски, дека некаков си „иницијативен одбор“ бара оставка од претседателот на СДСМ Зоран Заев, Ве известуваме дека ниту таков иницијативен одбор постои, ниту пак е покрената било каква иницијатива. Ставот на Наум Буревски е негов личен став, неподдржан од никого. Причините за ваквата реакција на Буревски се на лична основа и нанесуват штета на функионирањето на партијата“
Слично

Поврзани вести