Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУРАТА ЗЕНОН СЕ ДВИЖИ КОН ГРЦИЈА: Грците во паника

БУРАТА ЗЕНОН СЕ ДВИЖИ КОН ГРЦИЈА:  Грците во паника

Нова бура именувана како Зенон која доаѓа од Средоземното Море ноќеска ќе ја погоди Грција, предупредија метеоролозите. 

Зенон со себе носи нов бран поројни дождови и ветар како на почетокот на неделата, кога беа предизвикани катастрофалните поплави крај Атина и во кои досега загинаа 16 луѓе.

Реките од кал и вода предизвикани од Евридика деновиве уништија илјадници домови, болници, продавници, училишта.  

Во Грција е прогласена тридневна жалост.  Сите училишта во областа Атика се затворени, властите и спасувачки екипи трагаат по исчезнатите во поплавите. 

Во земјата и денеска имаше лошо време. 

Слично

Поврзани вести