Бунт во бегалски камп кај Солун - која е причината?
Немири имаше меѓу мигрантите и полицијата во близина на камп за бегалци кај Солун, по автомобилската несреќа, во која беа прегазени Сиријка и нејзиното дете.

Причина за бунтот е тоа што Брзата помош повикана за да им помогне на прегазената жена и нејзиниот десетгодишен син, задоцнила. Мигрантите побарале од полицајците да ги одведат со полициско возило до болницата, но тие одбиле.
Мигрантите го блокираа патот надвор од кампот, фрлајќи со камења кон полицајците и запалија две патролни возила и контејнери. Полицијата возврати со солзавец.
Состојбата покрај кампот во Ореокастро веќе е нормализирана, а едно петгодишно дете е полесно повредено во судирите.
Во земјата има повеќе од 60.000 мигранти, од кои повеќето се Сиријци. Во кампот каде имаше бунт има околу 1.300 мигранти.
