Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бунарџик Не е За в Бунар, влезе меѓу 50 најдобри на свет!

Бунарџик Не е За в Бунар, влезе меѓу 50 најдобри на свет!
Бунарџик се пласира на 47 место од 50 слободни економски зони во рангирањето извршено од страна на списанието fDI, специјализирана публикација за директни странски инвестици, која е во сопственост на „Фајненшл Тајмс.“ Оценувани се 600 слободни економски зони во 120 земји. Рангирањето е спроведено по извршено истражување во пет категории: погодности во работењето, изградени објекти и инфраструктура, економичност во работењето, транспортни врски и промоција. Инаку, на листата од 50 најатрактивни зони за вложувања дури 13 се од Обединетите арапски емирати (ОАЕ), а и на прво место е слободна економска зона од ОАЕ - Dubai International Financial Centre. Од регионот на Источна Европа, 4 се од Полска, 3 од Летонија, 2 од Србија (слободната зона Пирот на 41 место и слободната зона Ечка Од Зрењанин на 48 место) и по една има од Русија, Хрватска (слободната зона Загреб е на 43 место), Велика Британија и Македонија.
Слично

Поврзани вести