Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бум на туристите во Словенија, причина е светски позната личност

Бум на туристите во Словенија, причина е светски позната личност

Ноќевањата во Словенија на туристи од САД, се зголемија за 30,6%, а на локалните туристи  со 22,5%

Бројот на туристите во Словенија е зголемен за 8% на годишна основа во март, што се должи во голема мера на фактот дека новата прва дама на САД, Меланија Трамп е родена во оваа земја, соопштува Ројтерс.

Според аналитичарите, зголемувањето на бројот на локалните туристи е доказ за подобрување на економските услови во Словенија, земја која едвај ја избегна меѓународната спасувачка програма за своите банки во 2013 година. 

Словенија очекува економски раст од 3,6% оваа година во однос на 2,5% во 2016 година. 

Стапката на невработеност падна на 10,2%  во март во однос на 12% во истиот месец минатата година.

Слично

Поврзани вести