Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУЛДОЖЕР ДИПЛОМАТИЈА: Дали ранетите лавови ќе бидат приморани да го почитуваат договореното?

БУЛДОЖЕР ДИПЛОМАТИЈА: Дали ранетите лавови ќе бидат приморани да го почитуваат договореното?
Антивладините протести земаат се поголем замав. Незадоволството доби нов облик -  шаренило за нови и поубави можности. Во духот на Шарената револуција дише и бисерот на културата и традицијата-градот Охрид. Колумнистот и советник во општината Дејан Блажески, за Фактор вели дека градот како  никогаш досега не бил  посплотен, пограѓански, побунтовен. Наспроти големите притисоци со кои се соочуваат луѓето од страна на централната и локалната власт, Шарената револуција според Блажевски  ја врати надежта кај граѓаните, а протестите како што вели никогаш не биле со толку силна енергија. “Овие протести се едни од најмасовните во последните години, не само по број туку и по обединувањето на сите горенаведени профили. Не се пишува само историја туку се пишува ново значење на поимот хулигани. Убеден сум дека после ова што се случува во земјава односно  пристојноста на оние кои протестираат наспроти оние кои ги обвинуваат за “хулиганство” ќе го победи спинот и ќе продуцира поправање на имиџот на поимот. Потенцирам, дека сум горд на сите кои учествуваат во шарената револуција, сите оние кои обојуваат, затоа што ниту една до сега мета не било нашето културно –историско наследство. Мета се токму оние обележја кои потсетуваат на владењето на Груевски и спинувањето на Иванов. Таквите спомен обележја треба да се обојат, обележат”-смета Блажески. [caption id="attachment_215232" align="alignright" width="403"]13015439_10206409099201969_3210782221356992044_n Протести во Охрид[/caption]   Тој како еден од најактивните  и либералдемократи и член на Советот на општината  кои на општинските седници се борат  до последен здив  за својот град, вели дека сака својот роден Охрид да го гледа онака како што и заслужува, светски, модерно, развојно, достоинствено. Иванов со својата одлука за аболиција според Блажески, допре до секој човек во  земјава  и беше иницијалната каписла после проектот  ‘Вистината за Македонија ‘ граѓаните да излезат на улиците самоиницијативно и без какви и да било политички, национални, верски мотиви. Улиците после Протестирам, како што вели  не се шарени од боја, туку напротив од шареноликоста на учесниците. “Одлуката на Иванов, односно срамната и незаконита одлука беше едно признание дека некој се плаши од судска разрешница кога  би настанала промена и реорганизирање на институциите. Сметам дека незадоволството расте, прашање на време е колку може да биде канализирано, гледано на долг рок. Лошата економска состојба  направи само убрзување на политичкиот пад кој долго време беше предвидуван, но исто така и долго време, мора да се признае,одржуван со наjрепресивните мерки кон граѓаните. Едно општество кое се соочува со економска криза не мора да се соочува  и со криза во културата. Впрочем, паметиме подобри економски години, но кризата во културата ни е константа”-додава Блажески. СЛЕДНИТЕ ЧЕКОРИ НА МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА СЕ ДОГОВОРЕНИ Меѓународната заедница е се погласна дека не се исполнети условите за фер и демократски избори. Германија влегува во игра за посредство,  меѓународните оценки ја вброија земјава во неслободни, постојат показатели кои  укажуваат на сериозни криминали. Долг период  како што вели општинскиот советник, имаме дерогирани институции, институции кои потрфлаат во сите сегменти во своето работење, чии главни одлики се непрофесионализмот, пристрасноста, партизираноста. Излезот од оваа криза според него се избори, но не сега,  туку спроведени од кредибилни институции, со прочистен избирачки список и повлечена аболиција. “Меѓународната заедница долг период укажуваше на тоа дека во Македонија не се исполнети условите за фер и демократски избори, потоа се јави како гарант на преговорите. Следните чекори се целосно логични и јасно беше дека ранетите лавови од врхушката нема меко да го почитуваат договореното, првенствено од аспект на тоа што не им требаат регуларни избори како и од аспект на  судските процеси кои би се воделе во една понормална атмосфера, па оттаму не ме зачудува потребата од  погруба булдожер дипломатија. Капацитет и кадри во оваа земја никогаш не недостасувале. Меѓутоа, кога на преговарачка маса имате егоцентрични политичари од власта,  со сериозно криминално дејствување во изминативе десет години, со изгубеното чувство за допир со реалноста, наивно е да се очекува дека благиот притисок би вродил со плод. На челниците од ДПМНЕ оддамна им се праќаа пораки со дипломатски речник, денес, веќе, меѓународната заедница не користи обландирани пораки. Тогаш на тие избори,ќе учествуваат сите партии, но не и криминогената врхушка од ДПМНЕ. За такви избори треба  клучните играчи во криминалите изборниот ден да го следат во казнено поправните установи”-објаснува Блажески. КОНТРАПРОТЕСТИТЕ МОЖЕ ДА ИЗЛЕЗАТ ОД КОНТРОЛА Контрапротестите кои во чекор ги пратат антивладините протести на кои се  испорача ставот за времено укинување на невладини организации и  на дел од партиите го продлабочи јазот помеѓу граѓаните. Па така, постои сериозна опасност канализираните контрапротести да излезат од контрола. Очигледно е според  него дека граѓаните или се приморани да учествуваат на контрапротестите, или се наоѓаат на платни списоци или се вмешани во криминалите и последно што им паѓа на памет е одбрана на државата, туку како што и самите му признавале, водат борба за  одбрана на сопствените интереси и спас на самите себе од лицето на правдата. “Првенствено, контрапротестите се против правна форма, патентирана од Груевски и неговите спин кујни. На страната на вистината се повеќе преминуваат  и со текот на времето овој јаз ќе се намалува. Се поизвесно е дека Груевски го напуштаат токму оние кои искрено му дале доверба.Легитимно е секое човечко барање, но не и легално. На границата со шизофренија се барањата за укинување на невладините организации.Пресметката со неистомислениците оваа Влада ја прави на дневна база веќе 10 години, до најпоследниот ешалон. Колективниот страв се  шири без пардон. Давањето можност од страна на институциите на секој поединец, односно одработувач да се пресметува со граѓаните за сметка на фамилијата води кон поистоветување на државата со мафијата, затоа што повеќе од јасно е дека ДПМНЕ ја води мафија”-потенцира Блажески. ОВАА ВЛАСТ ЗЕМАЛА НАЈМНОГУ ЖРТВИ И кога на крај ќе се сумираат резултатите, пресметките вели  покажуваат дека секој е жртва на оваа власт. Урнисано достоинство, уништен дух, уништена иднина, семејства, генерации. Оттука подвлекува Блажески- падна       бетон датумот кој се стопи како што им се топат на мал оган фасадите. Падна и митот за човечност! “Оваа Влада  несомнено сотре се, не само во бројки, оваа Влада убеден сум дека ќе влезе во историјата како Влада која зела најголем број индиректни жртви. Груевски и неговите соучесниците ќе мора да одговараат и оттука произлегува нивниот страв од СЈО. Приказната за сечено, лепено, монтирано, падна.. Иванов призна во нивно име.На граѓаните е да ја довршат низата со логичен редослед на активностите. Со оваа власт е завршено, но потребна е голема внимателност и кондиција за истрајување и ослободување на токму  ‘обичниот ‘ човек”-порачува  Дејан Блажески. С.Б.        
Слично

Поврзани вести