БУКИНГ ЈА ПОТИСНУВАЛ КОНКУРЕНЦИЈАТА - платформата под истрага во Шпанија за прекршување на законот
Шпанскиот регулатор за конкуренција започна истрага за да утврди дали дигиталната платформа Booking.com имал намера да ја потисне конкуренцијата од онлајн туристичките агенции при резервирање хотелско сместување.
Истрагата е покрената врз основа на две жалби поднесени од Шпанската асоцијација на менаџери на хотели (AEDH) и Мадридската асоцијација на хотелиери, пренесува Ројтерс.
Агенцијата за заштита на пазарната конкуренција (CNMC) се сомнева дека Booking.com ги прекршила шпанските закони.
Споменатите здруженија тврдат дека Booking.com наметнала нефер услови за хотелите во Шпанија и спроведе мерки со кои може да се елиминираат другите онлајн туристички агенции и каналите за онлајн продажба.
- Навистина сакаме таа практика да заврши - изјави претседателот на АЕДХ, Мануел Вегас.
Регулаторот објави дека постојат разумни основи да се сомнева дека платформата Booking.com можеби ги прекршила шпанските закони за конкуренција и членот 102 од Договорот за функционирање на ЕУ, кој им забранува на компаниите да злоупотребат доминантна позиција на пазарот, според најава.
Исто така, се додава дека Booking.com можеби ги искористил шпанските хотели кои се финансиски зависни од него, без да наведува примери на спорни практики.
