Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бујар Османи: Нема билети за авионската линија со Софија зошто компанијата преговара со бугарската влада

Бујар Османи: Нема билети за авионската линија со Софија зошто компанијата преговара со бугарската влада

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција изјави дека бугарската авиокомпанија „Гуливер“ престана да продава карти за летот Софија-Скопје затоа што е во преговори за субвенции со бугарската влада.

Шефот на македонската дипломатија вели дека исцрпен бил обидот оваа директна линија да функционира целосно комерцијално и дека треба да се одржува со субвенции.

- Ние кога го разговаравме ова прашање имаше две опции - да се види дали има интерес за целосно комерцијална линијаили да биде субвенционирана, при што таа одговорност ја превзеде Бугарија. Првата фаза беше обид да се види рентабилноста, а во моментов компанијата е во преговори за субвенции со бугарската влада, одговори Османи на новинарско прашање.

„Гуливер“ го одржуваше летот Софија-Скопје со турбопропелерски авион АТР 72-600, кој е со капацитет од 65 седишта. Летовите беа во понеделник и сабота, во 5 часот наутро.

Авиолинијата почна да функционира пред месец дена со редовни летови, а во февруари го имаше првиот лет, со министрите за транспорт и врски на двете земји Благој Бочварски и Николај Сабев и со бугарски туроператори.

Слично

Поврзани вести