Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарското население старее и се намалува

Бугарското население старее и се намалува

Годишно населението во оваа земја се намалува за 48 000 лица.

Населението на Бугарија продолжува да се „топи“ и старее, а просечната возраст во државата веќе е 43 години.  Ова го покажуваат податоците на Националниот институт за статистика.

Драстично се зголемува бројот на луѓето на возраст над 65 години во однос на вкупниот број Бугари. Во изминатата година продолжи да се продлабочува и проблемот со нееднаквата распространетост на населението во различни краеви на земјата.

Најмногу старее населението во Видин, а најмалку во Софија. Минатата година се запустени 10 населени места, а 159 населени места, пак остануваат без ниту еден жител.

Градовите со население над 100 000 луѓе се само шест - Софија, Пловдив, Варна, Бургас, Русе и Стара Загора. Секој 3-ти Бугарин живее во овие 6 града. На 31 декември 2015 година населението на Бугарија е 7 153 784 луѓе. Тоа е 1,4% од населението на Европската унија.

Слично

Поврзани вести