Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарското МНР смирува по излезот на Британија од ЕУ: И натаму ќе може да се патува само со бугарски пасоши

Бугарското МНР смирува по излезот на Британија од ЕУ: И натаму ќе може да се патува само со бугарски пасоши

Велика Британија ја напушти Европската унија - одлука за која што Бугарија жали, но ја почитува. Сепак, односите меѓу земјите членки на ЕУ, вклучително и Бугарија, со Велика Британија нема да бидат нарушени, соопшти Министерството за надворешни работи.

Од таму велат дека правилата на односите со Лондон остануваат исти до 31 декември 2020 година, но може да бидат продолжени и за дополнителни две години доколку се договорат ЕУ и Велика Британија.

- Правилата за патување остануваат непроменети во текот на Транзициониот период. Граѓаните на ЕУ ќе можат да влезат во Велика Британија со лична карта или пасош. Ги советуваме нашите сограѓани да побараат меѓународен биометриски пасош ако планираат да патуваат во Обединетото Кралство по 1 јануари 2021 година, бидејќи правилата тогаш може да се променат, велат од бугарското МНР.

Крајниот рок за поднесување барање за престој во Велика Британија е до 30 јуни 2021 година. Според најновата официјална статистика на МВР на Велика Британија, вкупниот број апликации поднесени од бугарските граѓани за добивање ваков статус изнесува 139.000.

„До крајот на периодот на транзиција нема да има промена во правата на бугарските граѓани во Велика Британија, како и на британските граѓани во Бугарија, кога станува збор за условите за работа, трговија, бизнис, обука, туризам и друго“, се вели во соопштението.

Европските здравствени картички ќе продолжат да важат до крајот на периодот на транзиција.  За време на периодот на транзиција, банкарските правила треба да останат исти.


Слично

Поврзани вести