Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарското МНР побара од Еди Рама да биде попристоен со изјавите, тој им рече дека мора да го трпат таков каков што е

Бугарското МНР побара од Еди Рама да биде попристоен со изјавите, тој им рече дека мора да го трпат таков каков што е



Бугарското Министерство за надворешни работи побара од премиерот на Албанија, Еди Рама, да биде попристоен и „да зборува на соодветен јазик на политичар на земја кандидат за членство во ЕУ“ по изјавите кои ги даде за време на Самитот за Западен Балкан во Брисел.

На ова веднаш возврати албанскиот премиер во негов стил и им порача дека ќе мора да бидат, како што рече, трпеливи со него доколку не биде тргнато ветото за евроинтеграција на Македонија.

„Ох! Бугарското Министерство за надворешни работи има проблем со мојот говор! Многу точно! И јас имам едно прашање, а тоа е како Бугарија ќе ги решава билатералните прашања користејќи го процесот на проширување како средство за киднапирање на две земји членки на НАТО!. Пријатели смирете се: тргнете го ветото или бидете трпеливи со мене!“ напииша Рама на Твитер. 

Претходно бугарското МНР изјавите на Рама ги оцени како премногу остри, а албанскиот премиер го оценија како „ексцентричен политичар“.

„Не е првпат да слушаме остри, провокативни, навредливи квалификации од шеф на влада. Таков низок јазичен регистар повеќе не може да се оправда со природата и немањето европски комуникациски вештини“, стои во реакцијата на МНР.


Слично

Поврзани вести