Бугарскo оружје во рацете на џихадистите
Тековните конфликти во Сирија и на Блискиот Исток ја поттикнаа работата на бугарските фабрики за оружје.
Додека главните клиенти се владите на Авганистан и Ирак, оружјето исто така наоѓа пат до рацете на опозициските борци во сириската крвава граѓанска војна, пренесува АФП.
Скокот во производството, кој започна пред една година и половина, се должи на конфликтите во Сирија и Ирак, изјави бугарскиот експерт за безбедност, Тихомир Безлов.
Минатиот јуни САД беа принудени да признаат дека ги вооружуваат сириските бунтовници, откако американски воен снабдувач загина во експлозија на полигон за тестирање на оружје во Бугарија. Во меѓувреме Саудиска Арабија, исто така голем клиент на Бугарија призна дека испорачува оружје на оние што се борат во Сирија.
Во 2014 година Ријад потпиша договор за купување бугарско оружје.
