Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУГАРСКО МНР: Бугарија ќе продолжи да биде активна во нејзината поддршка за европската интеграција на Македонија

БУГАРСКО МНР: Бугарија ќе продолжи да биде активна во нејзината поддршка за европската интеграција на Македонија

Министерство за надворешни работи на Република Бугарија ја поздрави ратификацијата на Договорот за добрососедство во македонскиот Парламент, со кој што се реафирмира волјата за градење добри соседски односи, како важен елемент за европската перспектива на сите земји од Западен Балкан. 

„Република Бугарија ќе продолжи да биде активна во нејзината поддршка за европската интеграција на Република Македонија. Ова е стратешки избор на нашата земја, поткрепен со приоритетите на бугарското претседателство со Советот на ЕУ“- стои во соопштението од бугарското МНР.

Наведуваат дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија се темели на европските вредности кои го прават регионот пообединет и посилен.

Договорот за добрососедство го потпишаа премиерите на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов на 1 август 2017 во Скопје, а бугарското Народно собрание го ратификуваше лани во ноември. 

61 глас „за“ и еден „воздржан“ денеска во Собранието на Република Македонија е ратификуван договорот. 

Слично

Поврзани вести