Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарско-грчката граница ќе биде затворена за Велигден

Бугарско-грчката граница ќе биде затворена за Велигден

Претстои нова блокада на бугарско-грчката граница.

Бугарските превозници ќе ги затворат сите премини меѓу двете земји за камиони, автобуси и автомобили во деновите од 29 април до 8 мај,  а одблокирањето ќе биде само делумно.

"Тоа ќе биде нашиот протест, насочен кон грчката 40-дневна блокада во месеците јануари-февруари“ - велат превозниците.

Ќе има временски зони, во кои ќе се пропуштаат возила. Прелиминарна план е 4 часа да бидат затворени граничните премини, 2 часа да бидат отворени. Превозниците веќе покренаа судски постапки поради штетите од граничната блокада на почетокот на годината од грчките фармери.

Во кој период ќе бидат отворени премините ќе се знае до крајот на неделата.

Слично

Поврзани вести