Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарските власти ја затвораат фабриката каде се случи експлозија – од 2010-та регистрирани 143 пропусти!

Бугарските власти ја затвораат фабриката каде се случи експлозија – од 2010-та регистрирани 143 пропусти!
Фабриката за муниција во Горни Лом, каде синоќа се случи катастрофална експлозија, веќе нема да работи. Бугарските власти одлучија во иднина да стават клуч на индустрискиот капацитет заради многубројните пропусти, кои на крај доведоа до несреќа во која 15 лица го загубија животот. Од 2010 година фабриката била контролирана секои три месеци. Притоа, биле откриени дури 143 различни пропусти, но таа и понатаму продолжувала да работи. Само во 2014 година, трудовите инспектори изрекле седум глоби за фирмата „Видекс“, сопственик на фабриката. Газдата сите ги обжалил, а судот му укинал 4, додека за останатите уште не се произнесол. Фабриката се наоѓала под истрага и на бугарското Министерство за внатрешни работи заради транспорт на мини од Грција без соодветни документи. Неколкупати во индустрискиот капацитет биле пронаоѓани експлозивни средства за кои немало соодветна документација, а биле констатирани и сериозни прекршувања на прописите за заштита при работа. ЕКСПЛОЗИЈА ВО БУГАРИЈА: Поранешен работник во фабриката тврди – заминав за да си го спасам животот! Последен пат фабриката била контролирана пет 15 дена, кога повторно биле откриени безбедносни пропусти, но сопствениците одново го оспориле и тој записник. Инспекцијата на местото на несреќата ќе започне дури утре, затоа што се уште постои опасност од нови експлозии. Фабриката и кругот околу неа се обезбедени и не е дозволено приближување. Бугарските власти ги објавија првите фотографии од пустошот што го оставија експлозиите направени со беспилотно летало. http://www.youtube.com/watch?v=MMacm_Vx5Hw
Слично

Поврзани вести