Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарските транспортни превозници собраа пари за да го блокираат Брисел

Бугарските транспортни превозници собраа пари за да го блокираат Брисел

Бугарските транспортни превозници ќе испратат со два авиони 150 свои возачи на камиони за да направат протест на плоштадот пред Европската комисија во Брисел на 10 јануари, засегнати од предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон според кој возилата и камионџиите на секои четири недели ќе треба да се враќаат во земјите на своите матични компании.

Овој предлог на Макрон тотално не му одговара на земјите-членки на ЕУ од Источна Европа, а меѓународниот транспорт учествува со 17 отсто од бугарскиот БДП со околу 7 милијарди евра.

Фирми на бугарскиот сојуз на превозници ќе ги плати двата чартери, а се очекува на протестот кога ќе се гласа за предлогот да има камионџии од Романија, Унгарија, Латвија и Полска. Од таму велат дека ги прифатиле сите строги услови кои им ги наметнува ЕУ и дека не можат да поминат преку овој.

Очекувано, бината на протестот ќе биде импровизирана со доведена камионска приколка.


Слично

Поврзани вести