Бугарските синдикати имаат над 20.000 поплаки за прекршени работнички права
Во изминатата година се евидентирани повеќе од 20.000 нарушувања, поврзани со организацијата на работа, паузите и одморите на работниците, информираат синдикатите во соседна Бугарија.
Повеќе од половина од овие поплаки се за работното време. Прекувремената работа и работата на празници веќе не е исклучок, туку секојдневие во речиси сите сектори. Работниците се на работ на исцрпеност, алармираат синдикатите. Според нив, масовно работодавците ги принудуваат вработените да работат прекувремено и тоа без надомест.
Синдикатите предлагаат повисоки надоместоци за прекувремена или ноќна работа, пократки смени за вработените кои се грижат за мали деца или за болни членови на семејството, а неделата да биде ден предвиден само за одмор.
Слично
