Бугарските министри на работа пеш и со лични автомобили
Ова не е шега, од денеска бугарските министри на работа одат пеш или со лични автомобили.
Тие од денеска нема да ги користат возилата на Националната служба за безбедност. Наредбата дојде од премиерот, Бојко Борисов на 20 март, а министрите веста ја примија со насмевка. Уште тогаш тој истакна дека многу од министрите сакале да одат на работа пеш или со метро.
Трета опција избра министерот за труд и социјала и вицепремиер, Ивајло Калфин кој се појави со личен автомобил, и тоа не каков и да е, туку електромобил.
„Електричниот автомобил се движи со 60 km / h. За 2 лева поминува 150 километри. Идеален е за градски услови "- рече вицепремиерот Калфин.
Тој додаде дека овој вид автомобили немаат вињети, за нив не се плаќа сообраќаен данок, и се паркираат бесплатно на „сина" и „зелена" зона во Софија.
