Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарските лекари ќе добиваат по 10 лева за секоја препишана доза на вакцина

Бугарските лекари ќе добиваат по 10 лева за секоја препишана доза на вакцина

Бугарија на лекарите ќе им плати по 10 лева или околу 5 евра за секоја регистрирана доза на вакцина против Ковид-19 кај своите пациенти, пренесува бугарската национална телевизија.

Ова стана јасно на состанокот помеѓу  министерот за здравство проф.д-р Костадин Ангелов со учество на раководствата на Министерството за здравство и Медицинскиот синдикат.

Парите ќе им бидат исплатени на личните лекари кои работат во центрите за дијагностика и консултации, лекарите во медицинските установи, лекарите во мобилните центри за вакцинација и медицинските лица во регионалните здравствени инспекции.

Средствата ќе бидат обезбедени од државниот буџет. Плаќањето ќе се одвива
 по запишувањето на вакцинацијата во електронски регистар.



Слично

Поврзани вести