Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарските хотели ќе бидат преполни за Нова година!

Бугарските хотели ќе бидат преполни за Нова година!
Зимските одмаралишта во Бугарија ќе бидат преполни за време на новогодишните и божиќните празници што претстојат. Како што пренесуваат бугарските медиуми,  хотелите во Банско, Боровец, Пампорово, Велинград и Сандански се речиси 100% резервирани за Божиќ и Нова година, и тоа пред се од Бугари. Ова го соопшти за весникот „Стандард“,  Бајкал Бајков, шеф на Здружението на домашните тур-оператори. Една од причините за невиден наплив на туристи во кризата е спојувањето на празниците до викендот со што се добиваат повече неработни денови во Бугарија. „ Нашинците претпочитаат да ги комбинираат традицијата и забавата за време на споениот празничен викенд“, објаснува Бајков. Најголем дел од резервациите се однесуваат на тридневни пакети кои вклучуваат ноќевања, појадок и празнична вечера. Цените почнуваат од 300 лева(150 Евра) по човек, но за семејствата со деца има и соодветни попусти. За оние туристите што сакаат повеќе луксуз, сумата може да скокне до 600 лева од вечер.
Слично

Поврзани вести