Бугарските хотелиери пекаат за домашни туристи
Хотелиерите и рестораните во Бугарија пекаат за бугарски туристи кои ја избирале Грција како дестинација за одмор.
Во моментов многу Полјаци, Чеси и Германци летуваат на Црно Море.
„Од нас зависи дали Бугарите ќе го преферираат родното море. За жал во Сончев Брег немаме многу Бугари“ - вели хотелиерот, Веселин Налбантов.
Според него една од причините зошто Бугарите ја избираат Грција е дека патот до морето не е добар и патуваат со часови.
Околу 200 000 Бугари избрале одмор во странство само во раниот јуни, покажуваат статистиките.
Хотелиерката од одморалиштето Лозенец, Тања Жељазков коментира дека на граѓаните од Софија поблиску и поевтино им стана морето во Грција, отколку да отидат во Созопол, Приморско, Лозенец и Царево. Хотелиерите се жалат на осиромашување на странските туристи и прецизираат дека дури и Германците веќе не се богати.
