Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарските бизнисмени против долгите празници

Бугарските бизнисмени против долгите празници

Помеѓу 300 и 400 милиони лева ќе загуби економијата на Бугарија од долгите празници.

Повеќе од половина  бугарски фирми се против долгите празници, покажува истражувањето на Здружението на индустрискиот капитал во Бугарија.

Спојувањето на официјалните празници со викендите покажува негативен ефект врз бизнисот кај 54% од фирмите.

Само 8% од испитаниците изјавиле дека долгите викенди се одразуваат добро на нивната работа. Тоа се главно компании од туризмот, транспортот и трговијата.

Статистички 65% од фирмите сакаат државата да не се меша во спојувањето на државните празници и викенди.

Други 23% пак имаат друг предлог - префрлање на паузите по повод официјалните празници во понеделниците или петоците. Слична практика имало во Англија и Канада. Ако празникот  е во четвртокот, одморот се дава следниот ден.

Слично

Поврзани вести