Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарскиот регулатор донесе одлука за големо поскапување на струјата во земјата

Бугарскиот регулатор донесе одлука за големо поскапување на струјата во земјата

Струјата од денеска во Бугарија поскапува за 8,42 отсто, одлучи Регулаторната комисија на затворена седница.

Ова е нешто помалку од првичните најави на Регулаторот дека зголемувањето на цената ќе биде 9 проценти. Цената на трите компании снабдувачи се зголемува од 8,36 до 8,55 отсто.

Главната причина што налага промена на цената на струјата се зголемените прогнози на пазарот на електрична енергија и зголемените трошоци на базната енергија за 23 отсто.

Поскапувањето на струјата за домаќинствата се должи и на повисоките трошоци на јавниот произведувач поради зголемените потреби за регулираниот пазар, кои ќе бидат обезбедени пред се од „ТЕЦ Марица-Исток 2“ врз основа на наредба на Министерството за енергетика.

Дополнителен фактор е промената на повластените цени на електрична енергија и премиите кои ги добиваат топлификационите претпријатија. Ова е неопходно бидејќи е ажурирана и цената на природниот гас.која е зголемена за 17 проценти над прогнозата утврдена на 1 јули минатата година. Цената на парното не се менува


Слично

Поврзани вести