Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарскиот премиер Кирил Петков оди во карантин по Советот за национална безбедност

Бугарскиот премиер Кирил Петков оди во карантин по Советот за национална безбедност

Бугарскиот премиер Кирил Петков и неговиот шеф на кабинет Лена Бориславова се во карантин, соопшти министерскиот совет 

Премиерот вчера бил во контакт со претседателот на Собранието Никола Минчев во вечерните часови за време на 6-часовниот Совет за национална безбедност. Веднаш

По советот Минчев се почувствувал лошо, а тестот дал позитивен резултат за КОВИД-19.

Според прописите, секој кој поминал повеќе од 15 минути во затворен простор се смета за ризичен контакт.

Покрај Петков и Минчев, на седницата учествувале и претседателот Румен Радев и министрите за внатрешни работи и одбрана - Бојко Рашков и Стефан Јанев, како и лидерите на парламентарните партии.

Петков на 18 јануари во Скопје треба да се сретне, според агендата, со македонскиот мандатар Димитар Ковачевски.


Слично

Поврзани вести