Бугарскиот Парламент воведе експериментално гласање преку интернет
Предвидено е тоа да се одвива на 20 избирачки места, кои ќе бидат утврдени со ждрепка, по однапред утврдена методологија.
Бидејќи гласањето е експериментално, гласовите на интернет нема да се земат предвид при броење на гласовите од изборите. Тоа значи дека секој кој дал гласа по електронски пат, ќе може да го направи тоа и втор пат - на хартија. Ова е согласно со новите измени на Изборниот законик. Дел од пратенциите го поздравуваат ваквото гласање, а дел се сомневаат дека ќе има манипулации. Се зголемува и глобата за политичка партија, која нема да направи јавен регистар на добиените донации и направените трошоци за време на предизборната кампања.
Слично
