Бугарскиот парламент ја прифати оставката на Борисов
Со 209 гласа „за“ бугарското Народно собрание ја прифати оставката на Министерскиот совет, јави БТА.Сите парламентарни групи беа „за“ оставката на премиерот Бојко Борисов и неговиот Кабинет. Петмина независни народни избраници гласаа „против“, а еден - воздржано.По предлог на левицата, дебатите претходно беа прекинати.
Оваа одлука доаѓа по неколкудневните протести против високите цени на струјата и мерките на штедење.
„Не сакам да учествувам во Влада во која полицијата ги тепа граѓаните. Имаме достоинство и чест. Народот нас ни ја довери власта, а ние денеска им ја враќаме“ изјави Борисов во бугарскиот парламент.
Борисов ја презеде власта во јули 2009 година. Следните парламентарни избори беа закажани за четри месеци.
Меѓутоа, партијата ГЕРБ на премиерот во заминување Борисов и опозициската Социјалистичка партија не се заинтересирани да учествуваат во преодната Влада, што би значело дека изборите би можеле да бидат закажани веќе во април.
„Само парламентарните избори можат да ја покажат волјата на Бугарите“, изјави вицепремиерот Цветан Цветанов пред гласањето во Парламентот.
Слично
