Бугарскиот министер за финансии Симеон Џанков си поднесе оставка
Министерот за финансии на Бугарија, Симеон Џанков поднесе оставка од функцијата, а на негово место ќе биде назначен Томислав Дончев, кој ја задржува и функцијата министер за управување со европските фондови, објави бугарски Капитал. Според весникот, министерот за регионален развој и јавни работи Лилјана Павлова ќе биде назначена за вицепремиер.
Како што пишува весникот, овие структурни и промени во владата ќе бидат доставени до Собранието до крајот на неделата.
Извори од Владата за бугарски "Капитал" коментираат дека причините за менувањето на Џанков се две работи, прво е доцнењето на земјоделските субвенции и второ, одложеното вклучување на на Бугарија во зголемувањето на капиталот на Меѓународниот монетарен фонд.
Слично
