Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарскиот културен клуб ги кани државните врвови на Македонија и Бугарија да се сретнат во Смилево

Бугарскиот културен клуб ги кани државните врвови на Македонија и Бугарија да се сретнат во Смилево
Бугарскиот културен клуб, со седиште во Скопје, денеска упати отворена покана до претседателите на Македонија и на Бугарија, Ѓорге Иванов и Росен Плевнелиев, како и до премиерите Никола Груевски и Пламен Орешарски, заеднички да присуствуваат на положување цвеќе пред споменикот на Даме Груев во Смилево на 19 јули. Ваквото одбележување, според претседателот на Бугарскиот културен клуб Лазар Младенов, претставува „еден од првите чекори за практична реализација на Резолуцијата на Европскиот парламент за напредокот на Република Македонија, каде настојчиво се препорачуваат заеднички прослави на историски настани, кои претставуваат дел од заедничката историја со соседните земји“. Во годината кога се одбележуваат 111 години од Илинденското востание, „присуството на високите гости ќе биде високо оценето и ќе претставува значаен придонес во благородната кауза за развој на добрососедските односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија и за зачувување на заедничкото културно-историско наследство“, пишува во поканата од Бугарскиот културен клуб.
Слично

Поврзани вести