Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарскиот град Свиштов презема мерки за заштита од тероризам

Бугарскиот град Свиштов презема мерки за заштита од тероризам

Свиштов е прва општина во земјата  со посебен план за акција при евентуални терористички акти.

Општинскиот антитерористички план веќе е на сила и ги опфаќа апсолутно сите институции. Во сите згради, училишта, јавни установи, институции се води строга контрола кој влегува и излегува. Обезбедувањето ги проверува сите пакети и пратки. Во општинската администрација се воведени 24 часовни дежурства на новоформираната безбедносна единица. Одлуката за вонредните мерки беше прифатена на 21 март. Засилените мерки за безбедност на територијата на општина Свиштов и сите институции, ќе останат во сила се додека не биде променет националниот антитерористички план.

Свиштов е град во северна Бугарија со скоро 35.000 жители.

Слично

Поврзани вести