Бугарскиот Црвен крст ја одбил македонската помош за поплавите?
Македонскиот Црвенк крст веднаш понудил помош за поплавите во регионот на бугарскиот град Варна, но од бугарските колеги добиле одговор дека помош засега не им е неопходна, објави ТВ 24 Вести.
Бугарија во својот одговор навела дека е пријатно изненадена од понудената рака од македонска страна, но дека помошта не им е неопходна и можат сами да се справат со катастрофата, тврди генералниот секретар на македонскиот Црвен крст Саит Саити.
Во јавноста деновиве имаше повеќе реакции и прашања зошто Македонија и македонските граѓани не реагираат со иста хуманост за поплавите во Бугарија, како за оние во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Истата дилема ја поставија и дел од бугарските медиуми.
Премиерот Никола Груевски веднаш по информациите за катастрофалните поплави во Бугарија упати писмо до неговиот бугарски колега Пламен Орешарски, на кого му ја понуди сета потребна помош за справување со водената стихија.
Денеска се евакуираа 68 куќи во Аспарухово
Слично
