Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарски спасувачи испумпуваат вода во скопско

Бугарски спасувачи испумпуваат вода во скопско

Претставници на софиската дирекција „Сигурност“ и на Дирекцијата за спречување пожари и заштита на населението од пожари, успеаја да испумпаат вода од 17 големи објекти во Скопје.

Се работи за детски градинки и училиште, изјави главниот комесар на Дирекцијата, Николај Николов, пишува БГНЕС.

Николов, како што пренесе БГНЕС, соопштил дека „десетици автомобили се претресени за да се провери дали во нив има евентуално настрадани лица“.

„Работата продолжува. Трагедијата е сериозна и ситуацијата нема да се подобри. Операциите се многу тешки, но благодарноста која ја добиваат нашите луѓе дополнително не поттикнува“ - изјавил Николов.

Тој вели дека првата нивна цел е да помогнат во пронаоѓање на луѓе кои можеби се настрадани во невремето, а втората цел е да се испумпа вода од поплавените објекти.

Бугарите се дојдени за да помогнат за побрзо санирање на состојбата.

Слично

Поврзани вести