Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарски пасош за 600 евра?

Бугарски пасош за 600 евра?
На македонските страни за огласи може да се прочита се и сешто. Трагајќи по сторијата за Македонци кои својата среќа ја бараат во странство стасавме и до огласи во кои се нудат бугарски пасоши. Скопјанецот Филип посредува за добивање бугарски пасош, оти без европски пасош, во земјите од ЕУ, не може да се добие работа, објаснува Филип, во телефонскиот разговор, во кој му посочивме дека сме заинтересирани за работа. „Јавете ми се од понеделник, кога сакате и ќе се договориме за деталите.Јас ќе Ви средам да го добиете пасошот“, вели Филип. РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА НА ОГЛАС: Голема измама или остварување на сништата? Прашавме дали ќе биде проблем тоа што немаме никакво бугарско потекло. „Не се секирајте. Пасошот со сигурност ќе го добиете. Ќе Ви објаснам што точно значи потеклото. Ви гарантирам дека ќе го добиете пасошот“, вели Филип. А за услугата напоменува дека ќе бидат потребни 600 евра, плус дополнителни трошоци за три одења во Бугарија. „Без пасош на земјите од ЕУ никој не може да Ви обезбеди работа во ЕУ. Тоа е лага. А гледам по огласиве нудат и работа со македонски пасош. Зачуден сум како е тоа можно, бидејќи јас со тоа работам знам дека не можно, освен ако добиете работна дозвола, но тоа е сосема друга постапка, која нема врска со она што е во огласите“, вели Филип. РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА НА ОГЛАС: Голема измама или остварување на сништата?
Слично

Поврзани вести