Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарски нививач убиен во Солун, тројца уапсени

Бугарски нививач убиен во Солун, тројца уапсени

Грчката полиција денеска во Солун уапси и притвори тројца осомничени во врска со смртта од претходната ноќ на 28-годишен Бугарин, по судирите меѓу ривалски навивачки групи.

Полицијата уапси двајца мажи на возраст од 24 и 26 години за учество во судирите, како и 26-годишна жена која наводно управувала со автомобилот што удрил во Бугаринот додека тој се обидел да избега од група локални фудбалски хулигани. Возачот, исто така, ќе се соочи со обвиненија за напуштање на жртвата, откако ја удрил.

Останува да се види дали 28-годишникот е убиен како резултат на удар од автомобилот или од повреди здобиени при судирите што избувнаа во центарот на Солун еден ден по фудбалското дерби Арис против ПАОК во сабота навечер и неколку часа пред неделниот натпревар на кошаркарите на ПАОК против Арис.

28-годишниот Бугарин бил фан на фудбалски клуб од Бугарија во добри односи со солунскиот Арис.


Слично

Поврзани вести