Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарски граничен полицаец убиен со огнено оружје од емигранти

Бугарски граничен полицаец убиен со огнено оружје од емигранти

Бугарски граничен полицаец е застрелан веднаш до оградата на бугарско-турската граница, најверојатно од емигранти.

Станува збор за 30-годишниот граничен чувар, кој синоќа беше убиен на бугарско-турската граница кај селото Гоемм Дервент. Најверојатно вршел увид на пробив во објект, велат истражителите за „24 часа“. 

Сепак, сторителот се уште не е познат. Во меѓувреме, во окружното обвинителство во Јамбол, покрената е предистражна постапка по член 116 за убиство на полицаец при вршење службена должност.

Се очекува нешто подоцна денеска обвинителството да излезе со официјална информација за трагичниот инцидент.

Министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев, патува на местото, ќе одржи брифинг пред граничната полиција Елхово.


Слично

Поврзани вести