Бугарски „Филкаб“ ќе инвестира 3,5 милиони евра во Македонија
Бугарската компанија „Филкаб“ ќе отвори нов производствен капацитет во Македонија и 100 нови работни места. Инвестицијата се проценува на 3,5 милиони евра.
„Филкаб“ произведува електро-материјали, а на македонскиот пазар е веќе присутна 10 години. Производствениот капацитет во скопско Визбегово ќе биде со површина од 10.000 метри квадратни, а таму ќе се произведуваат трафостаници за пренос на електрична енергија.
Првиот контакт со менаџментот на компанијата бил остварен пред една година, а биле потребни пет месеци интензивни преговори за да се убедат бугарските инвеститори да вложат во земјава, вели министерот за странски инвестиции Џери Наумоф.
„Оваа инвестиција ќе биде голем економски поттик за областа на Скопје од причина што ќе обезбеди повеќе од 50 работни места во почетната фаза и можност за повеќе од 100 нови работни места, кога инвестицијата ќе работи со полн капацитет. Исто така овој проект ќе биде од корист и за локалните македонски компании кои ќе ги изведуваат градежните работи“, изјави Наумоф.Македонската Влада очекува оваа инвестиција да биде поттик и за другите бугарски компании да размислат за вложување во земјава. „Филкаб“ веќе работи во повеќе земји надвор од Буарија како Романија, Грција, Кипар, Германија, Албанија и Косово, а намерата е да развијат слична дејност и во Македонија.
Слично
