Бугарската влада ќе му даде заем од 400 милиони евра на „Булгаргаз“
Привремената влада на Бугарија на денешната седница ќе гласа за доделување заем од 800 милиони лева (околу 400 милиони евра) за Булгаргаз. Ова го соопшти в.д. премиерот Галаб Донев пред почетокот.
Заемот е потребен за подобрување на лошата финансиска состојба на компанијата, која се должи на неплатени долгови, од кои најголем е кон „Топлификација - Софија“ во износ од 300 милиони лева.
Министерствата за енергетика и за финансии веќе се подготвени со план за закрепнување на компанијата да гарантира снабдување со природен гас за претстојната грејна сезона.
Слично
