Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарската Минстрој ги зема под концесија Добрево и Тораница

Бугарската Минстрој ги зема под концесија Добрево и Тораница
Рудниците Добрево во Пробиштип и Тораница во Крива Паланка добија нов концесионер. Рударите од двата града се надеваат дека за брзо време ќе се вратат на работа. Фирма Минстрој од Бугарија на електронската лицитација понудила годишно да плаќа 2.000.000 евра за концесија за експлоатација во двата рудника. Ова понуда била подобра од понудите што ги дале останатите две фирми, Градежен институт и компанија зад која стои руски инвеститор. Минстрој во последните неколку години е главен производител на олово цинкова руда во Бугарија, а компанијата стопанисува со најголемите подземни наоѓалишта за олово и цинк  во земјата. Добрево и Тораница до лани беа во сопственост на индиската фирма Индо минерали и метали, која има долг од 8,7 милиони евра и должи на институции, фирми и на работниците. Двата рудника се во стечај, а одлучено е постапката да заврши по пат на ликвидација, односно имотот да се продава.  
Слично

Поврзани вести