Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарската гранична полиција не им дозволи влез на осум Шпанци

Бугарската гранична полиција не им дозволи влез на осум Шпанци

Осуммина шпански државјани се вратени од Бугарија поради коронавирусот. 

Бугарската гранична полиција вчера не им дозволи влез во земјата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, тие пристигнаа на аеродромот во Софија, но не им беше дозволено да влезат во Бугарија, затоа што Шпанија е во „црвената“ ковид зона. Тие  ќе бидат вратени во Шпанија. Шпанците патувале на фестивал во Србија и транзитирале низ Бугарија. За петмина од нив, српските власти гарантираа дека ќе ги изнесат од Бугарија, обезбедувајќи им превоз за да стигнат до фестивалот. На аеродромот во Софија има простории кои се специјално наменети за такви патници, каде им се обезбедува храна и вода.

Слично

Поврзани вести