Бугарската економија лани порасна за 0,8%
Бугарската економија во минатата година пораснала за 0,8%, покажат официјалните податоци, кои ги објави Евростат.Овие бројки укажуваат на потешкотиите со кои се соочува најсиромашната земја на Европската унија во настојувањето да го подобри животниот стандард на своите граѓани.
Растот во минатата година значително забави во однос на 2011 година, кога изнесуваше 1,8%. Ваквиот низок раст не може многу да им помогне на граѓаните, чија просечна месечна плата е 400 евра, а пензиите се помали од 200 евра.
Бугарија има најнизок стандард во ЕУ , кој е помал од половината на просекот во 27-челната унија. Натрупаното незадоволство доведе до масовни протести во државата во која минатиот месец беше урната десничарската влада насочена кон остри резови.
За оваа година се очекува растот да изнесува од 1,4 до 1,9 отсто, но би можел да биде доведе во прашање поради масовните протести против актуелните мерки. Прашање е колку ќе успее новата влада да ги контролира државните финансии и да го задржи курсот на левот во однос на еврото
Слично
