Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарска регистрација само со бугарска лична карта

Бугарска регистрација само со бугарска лична карта
Бугарија воведува законски измени со кои ќе им забрани регистрација на моторни возила на странците кои немаат постојано место на живеење во оваа земја. Со измените се предвидуваат и построги контроли и проверки дали странците навистина живеат во Бугарија, пишува Дневник. Целта на оваа иницијатива е да се искорени праксата странци да регистрираат автомобили во Бугарија за да плаќаат даноци пониски отколку во матичната држава. Исто така, според бугарските медиуми, со ова ќе се прекине досегашната пракса граѓани од други држави со полномошно да можат да возат автомобили во Бугарија. Мерката може да им го отежне процесот на регистрација на возилата и на македонските граѓани кои со помош на фиктивни бугарски адреси досега ги регистрираа возилата во Бугарија за да ги избегнат давачките во Македонија. Од МВР велат дека немаат прецизни информации колку македонски граѓани возат автомобили со бугарски таблички, а вакви податоци нема ниту Царинската управа. Бројот на вакви возила во земјава значително се намали откако беа донесени законски измени со кои увезените автомобили со бугарски таблички во земјава можат да се возат само вкупно шест месеци во текот на една година.
Слично

Поврзани вести