Бугарска помош за мигрантите во Македонија
Соседна Бугарија денеска ќе донира хуманитарна помош, за мигрантите кои се сместени во транзитните центри на територијата на Македонија.
Донацијата ќе биде предадена во транзитниот центар за мигранти во Табановце. Пред неколку дена, бугарскиот премиер Бојко Борисов во телефонскиот разговор со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов најави дека неговата земја ќе испрати хуманитарна помош за бегалците во Македонија. На Табановце моментално има над 1000 мигранти од повеќе земји.
Слично
