Бугарска клиника од денеска ќе вакцинира Македонци со Фајзер и Модерна
Комак Медикал започнува вакцинирање на сите македонски граѓани без ограничувања со вакцините Фајзер и Модерна против КОВИД-19 од денеска попладне од 15.00 часот, објави БГНЕС.
Вакцинацијата ќе се изврши во клиничкиот центар на компанијата во дворот на Александровската болница..
„За регистрација и организирани посети, ве молиме користете ги контактите на канцелариите на Комак Медикал во Софија и Скопје, како и контактите на фондацијата Бугарска Памет“, рече д-р Милен Врабевски, претседател на фондацијата.
Сертификатите ќе се издаваат само со матичен број и бугарски пасош, но никој што сака да се вакцинира нема да биде вратен, додаде тој.
Д-р Врабевски е познат филантроп во Бугарија и Макеоднија.
Слично
